Стана милијардерка! Тејлор Свифт е на листата на Форбс на најбогати луѓе

Тејлор само од првите 60 шоуа заработи милијарда долари.

Тејлор Свифт зад себе имаше успешна деловна година, а нејзината светска турнеја „The Eras“ ги руши сите рекорди на посетеност. 

Пејачката неодамна беше наградена со дури четири Греми награди за албумот „Midnights“, со што ја обезбеди титулата најголема поп ѕвезда на денешницата. 

Овие успеси, секако, и донесоа огромно богатство, а таа неодамна се најде на листата на Форбс на милијардери меѓу познатите личности. Имено, нејзиното богатство се проценува на околу 1,1 милијарда долари, а се проценува дека првата милијарда ја заработила само од првите 60 настапи како дел од турнејата. 

Инаку, со оваа бројка Тејлор го зазеде 14. место, додека пред неа се Дик Волф, Ријана, Ким Кардашијан, Џеј Зи, Стивен Спилберг, а почесното прво место му припадна на Џорџ Лукас, чие богатство се проценува на над пет. милијарди долари.