СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН – “Процесот на екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција не смее да трае предолго!“

Претседателот Стево Пендаровски, испрати порака до Кабинетот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за бруталното убиство на Вања Ѓорчевска (14 г.) и Панче Жежовски (74 г.).

Како што објави МИА, Стево Пендаровски ја испратил пораката претходниот ден, но од Кабинетот на претседателот на државата не соопштуваат детали за соодржината на пораката.

Стево Пендаровски пред два дена изјави дека деновиве размислувал да му испрати порака на Реџеп Таип Ердоган дека во Скопје ја „очекуваат екстрадицијата“ на Љупчо Палевски, првоосомничениот за киднапирањето и убиството на 14-годишното девојче и 74-годишниот велешанец.

Стево Пендаровски ова го изјави во интервјуто во емисијата „360 степени“ на МТВ, емитувана на 11. декември, нагласувајќи дека не треба да се дозволи предолго да трае процесот на екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција.

Тоа е работа на министерот за правда, кој го направи тоа, но случајот е преголем за да го оставиме само да помине низ некои бирократски коридори и не дај Боже да трае со месеци или години“, посочи претседателот на државата.

Министерството за правда на 7. декември испрати барање до Турција за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Љупчо Палевски – Палчо

Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, каде што беше уапсен на 5. декември во градот Баликесир, каде што пристигнал со помош на негов пријател земајќи го од Белград па преку Бугарија се до крајната дестинација каде е уапсен одејќи пеш по автопат.

За случајот со киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 5. декември, Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против пет лица, меѓу кои и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Четворица се осомничени дека како соизвршители сториле две кривични дела – „киднапирање“ и „убиство“, додека петти осомничениот им помогнал во извршувањето на кривичното дело „киднапирање на малолетник“.

Во притвор во Скопје, покрај четворицата осомничени за киднапирање и убиство, е и возачот кој го превезувал Палчо од Белград до Турција. За потсетување, „Во Центар“ прв во државата објави каде точно се криел Љупчо Палевски во Белград и како од Србија успеал да стигне до Турција. Него во овој процес му помага негов пријател со автомобил марка „Ranger Rover“ („Ренџ Ровер“) со македонски регистарски таблички.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – ЕКСКЛУЗИВНО: Каде се крие Љупчо Палевски и што се случи со Вања !? – Кликнете Join и бидете член (member) на YouTube каналот Vasko Eftov. Следете ги сите политички анализи бидејќи вие имате право да ја знаете вистината #fyp #fy #foryoupage #VoCentar #VaskoEftov #LjupcoPalevski #Palco #tiktokmacedonia #MK #MKD #Macedonia #Makedonija #Skopje #Strumica #Tetovo #viral #Vanja #Balkan

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

За потсетување, Вања Ѓорчевска беше киднапирана во понеделникот на 27. ноември околу 7 часот и 30 минути, а според изјавите на осомничените, од кои едниот бил сведок на самиот чин, таа била убиена истиот ден околу 10 часот.

Нејзиното тело е пронајдено во атарот на селото Бразда на периферијата на Скопје, каде што бил пронајден и опожарениот автомобил „Citroen“ („Цитроен“) кој бил користен за нејзиното киднапирање.

Според ОЈО, постои основано сомнение дека четворица осомничени на 22. ноември го киднапирале Панче Жежовски од неговата куќа во Велес со намера да го принудат да им го даде автомобилот за да го употребат за киднапирањето малолетничката од Скопје.

Откако влегле во неговата куќа, според истрагата, физички го нападнале, го врзале и го возеле во автомобилот се до близина на селото Рудник, каде од личен интерес и на свиреп начин му го одзеле животот пукајќи во него.

Потоа, на 27. ноември четворицата осомничени со помош на таткото на Вања Ѓорчевска ја киднапирале девојката со намера да принудат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за да го откупи детето.

Ја киднапирале Вања Ѓорчевска во влезот на зградата кога одела на училиште, го искористире автомобилот што и го украле на Панче Жежовска, а подоцна на брутален начин со умисла го убиле девојчето и го запалиле автомобилот со бензин.