Стоилковски: “МВР веднаш да почне да ги почитува и спроведува законите наместо да ги брани оние што шуруваат со криминалот“

МВР веднаш да почне да ги почитува и спроведува законите наместо да ги брани оние што шуруваат со криминалот. Пукање со калашников е спротивно на закон, уште повеќе во присуство на директор на БЈБ, којшто не реагира и го прикрива делото.

Злоупотребеното МВР во обид да ја сокрие врската на директорот на БЈБ Сашо Тасевски со Самет Мисими, не прецизираа односно не одговори:

Дали и кога МВР постапувало за пукањето? Дали и кога е извршен претрес на домот на Мисими во врска со пукањето прикажано на видеото? Дали е пронајдено и одземено оружјето? Каде е објавено соопштението за претресот?

Дали воопшто е реагирано по оперативниот извештај или на барање на Тасевски се уште стои во фиока на началникот на крим полиција Музафер Каришиќ?

Внимавајте, се работи за воено оружје, автоматска пушка и муниција за неа, коишто се недозволени за граѓаните во Македонија Тоа е недозволено држење на оружје, по член 396 став 2.

Почитувани, уште еднаш повикувам Сашо Тасевски сам да одговори, дали со сопругата и синот биле на свадбата во семејството кај Мисими, дали биле сведоци на неговото пукање?

Дали реагирал и презел службени дејствија, дали ја известил полиција, бидејќи во спротивно сторил прикривање на делото.

Директорот на БЈБ мора да одговори и колку пати Мисими му бил гостин во кабинетот, но и дали последните три месеци живее во стан во зграда градена од Мисими? Дали му е подарен како благодарност што поднесоците завршуваат во фиока и кога ќе го пријави станот во ДКСК?

Другарот на Сашо Тасевски, Мисими, е лице за кое има полициски белешки за насилство и дела против изборите, за пукање од воено оружје, за насилство и тепање во кабинетот на Шилегов по изборите, за тепање и кршење кола на паркингот пред кабинетот на Шилегов.

Почитувани,

Македонија е држава на криминалот затоа што наместо борба со криминалот, институциите имаат тесна соработка со криминалот!

прес – конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ