Стоилковски: ЈО за организиран криминал да расчисти дали директор на БЈБ Сашо Тасевски влијаел во случај кога се тепани припадници на ЕБР

Син на висок полициски функционер, но и лично функционерот, според медиумите можно е да се вмешани во напад врз полиција, но и можно е да влијаеле врз менување на факти во записите!

Пред неколку дена, поточно на 3 јуни, пред една скопска дискотека, екипа на ЕБР, извршувајќи задача, фатиле група младинци во раните 20-ти години како се подготвуваат да конзумираат бела прашкаста материја, за која што подоцна, според медиумите е утврдено дека е кокаин!

Притоа, на повиците од полицијата младинците дрско одбивале да престанат со тоа што го прават и доаѓа до физички напад од групата кон полицаец, со тоа што, како што се наведува, еден од нив го фаќа полицаецот за врат, а други удираат со тупаници и тоа е документирано!

Групата е однесена во полициска станица Карпош во 1 часот 45 минути! И тогаш, се наведува, се заведени приведените четворица, со име и со презиме!

Но кривично правниот настан, нападот е заведен дури во 6 часот и 30 минути сабајлето! И во него се споменуваат само три лица!

Почитувани, водени од многу големи индиции прашуваме:

·         Дали при контролата и потоа за време на нападот бил присутен и синот на директорот на БЈБ Сашо Тасевски? Дали и тој во најмала рака недолично се однесувал кон полицијата?

·         Дали веднаш тука се нашол како присутен лично и директорот на БЈБ Сашо Тасевски?

·         Дали во периодот од 1 часот и 45 минути па се до 6 часот утрото на 3 јуни, синот и таткото, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и синот, правеле притисок врз полицијата и полициската станица Карпош, прво, да не биде запишан синот, а потоа и да се менува записникот од  листата на приведените, учесниците во нападот врз полицијата?

Почитувани,

Зошто дури 5 часа од времето на лишување од слобода и носење во полициската станица Карпош оставајќи доволно простор за сомневање се прави новиот извештај и се остава простор да се мисли дека се злоупотребени полициските овластувања?

Затоа бараме да постапи Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да има постапка, да се изврши распит и проверка на фактите на полициските службеници, да се потврдат или да се отфрлат индициите за злоупотреба на полициски овластувања од страна на директорот на БЈБ Сашо Тасевски.

Почитувани,

Ова не е прв пат името на Сашо Тасевски да е дел од скандали, и тоа да е поврзано со наркотици, пукање од недозволени автоматски оружја или пак дивеење и самоволие, а сега и со напад врз припадници од ЕБР!

Со ликови како Сашо Тасевски, чија заслуга е чисто партиска, МВР станува само испостава на мафијата!