СТРАВ ОД КИНА !? САД на чекор до забранување на апликацијата ТикТок, советникот на Бајден тврди: “Ова ќе ги уништи плановите на некои странски земји!“
Соединетите Американски Држави (САД) направија голем чекор кон забраната на популарната апликација ТикТок во вторникот преку проект поддржан од Белата куќа, бидејќи западната недоверба кон кинеската социјална мрежа расте.
Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан, во изјава кажа дека го „поздравува“ нацрт-законот што тој ден беше испратен до Конгресот, кој, меѓу другото, дозволува забрана на апликации како ТикТок.
„Текстот предложен од демократските и републиканските сенатори ќе ѝ овозможи на американската влада да спречи некои странски земји да користат технолошки услуги на начин што ги загрозува доверливите информации на Американците и нашата национална безбедност“, објави советник од Белата куќа.
Многу американски пратеници сметаат дека платформата за кратки и вирални видеа, во сопственост на кинеската група ByteDance, е закана за националната безбедност.
Тие се загрижени, како и растечкиот број западни влади, дека Пекинг може да пристапи до податоците на корисниците од целиот свет преку апликацијата, што ТикТок со години тоа го негира.
Конкретно, нацрт-законот наречен „Закон за ограничување“ му дава на Министерството за трговија поголеми овластувања да ја забрани апликацијата.
Забранувањето на апликацијата би значело „прекинување на слободата на говорот“ на милиони Американци, а протестираат и од ТикТок, кои тврди дека има повеќе од сто милиони корисници во САД.
На крајот на февруари, Белата куќа им нареди на федералните институции да го отстранат ТикТок од нивните телефони во рок од 30 дена, врз основа на законот потпишан од Џо Бајден на почетокот на јануари.