СТРАШНО – Мајка на три деца го сподели своето брутално искуство со лекови по породувањето: “Телото буквално ми гореше одвнатре!“ (фото)
Мајката на три деца Никол Доналд јавно го сподели своето ужасно здравствено искуство и нејзината состојба во која била доведена откако земала лек на рецепт ѝ телото почнало „да и гори од внатре“.
Таа имала страшна реакција на новиот лек по раѓањето на нејзината ќерка Адисон, која сега има три години, која ја добила со нејзиниот 29-годишен партнер Рајан Едер.
26-годишната девојка се присетила на нападите и промените во расположението поврзани со постпородилниот период. Ѝ дијагностицирале биполарно растројство и и препишале низа лекови, но набрзо забележала дека и крварат усните, а кожата почнала да и се лупи.
Таа сега се одлучила јавно да ја сподели својата ужасна битка со синдромот Стивенс-Џонсон, болест на кожата која се карактеризира со треска, конјунктивитис, ерозија на устата, како и промени на кожата по целото тело, за да ги предупреди другите за несаканите ефекти од вообичаените лекови на рецепт. Таа вели дека не би посакала никој да го живее тој кошмар.
„Ме плаши да помислам што би можело да се случи бидејќи само неколку часа подоцна, исходот можеше да биде сосема поинаков. Се сметам за среќна“, изјавила Никол од Нов Зеланд за порталот Need To Know.
„Беше толку мачно и болно што се чувствував како кожата да ми изгорела од сонце, усните ми кравареа, а очите ми гореа. Видот ми стана толку заматен што не можев да го користам мобилниот телефон или да си го видам семејството. Не јадев и не пиев затоа што устата ми беше полна со чирови и многу ме болеше стомакот. Тоа беше најлошата здравствена битка во мојот живот бидејќи никој не можеше да ми каже што ќе ми се случи. Адисон имаше само шест месеци и ја имав помислата дека ќе бидам подалеку од неа“, признава Никол.