Сè за момчето на Јелена Карлеуша – по разводот со Тошиќ, таа искрено проговори: Ова е човекот од нејзините соништа (фото)

Минатиот септември популарната пејачка Јелена Карлеуша се разведе од фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ со заедничка согласност по повеќе од една деценија брак. 

Таа преку официјално соопштение ја информираше јавноста за условите под кои се разделила со сега веќе поранешниот сопруг, а неодамна проговори и за нејзиниот потенцијален партнер, како и во каква врска е. 

Јелена Карлеуша призна дека е крајно љубоморна во љубовните врски и дека често, како што вели, „превентивно“ испраќа закани до партнерот.

– Не би ја нарекла љубомора, туку болест. Јас сум болна од љубомора, како што сум болна од љубов. Немам мерка во ништо. Кога ќе бидам љубоморна, веројатно ќе ти се заканам дека ќе те убијам. Јас сум таква. Те сакам толку многу што си давам за право да ти се заканувам со убиство. Јас сум екстремна во секоја смисла. Превентивно се заканувам. Неколку пати ѝ го направив животот пекол на личност која не беше виновна – открила Јелена, па додала какви мажи ја привлекуваат:

– На прв поглед би рекла дека мојот тип на маж е русокос со сини очи. Кога разговарам со мојата пријателка Софија Милошевиќ, велам дека ако имала машка верзија од себе или ако имала брат близнак или ако твојот син пораснал, тоа е тоа. Ќе бев со тебе да беше маж. Секогаш се случува нешто друго да е параметарот на она што го гледам кај мажот. Важен параметар е каков е во сексот. Ако не успее, џабе му се сината коса и очи… Добро момче, надарен, млад, убав, мускулест, полн како брод. Најчесто ме бркаа деца, до ден денес. Просечната возраст на тие што ми пишуваат во ДМ не надминува 22-23 години. Мене ми е смешно, затоа што знам што сакаат само овие деца, бидејќи она што го гледаат на мојот Инстаграм е експлицитна верзија од мене во сценски костими што ја буди фантазијата – изјави Карлеуша во подкастот „Сестринство“.