Сè погласни се гласините за разводот на Мишел и Барак Обама: Многумина за сè ја обвинуваат Џенифер Анистон, а еве што вели актерката (фото)
Мишел Обама, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, предизвика внимание на јавноста со нејзиното отсуство од неколку важни настани, вклучувајќи го и неодамнешниот државен погреб на поранешниот претседател Џими Картер. Иако таа и нејзиниот сопруг Барак Обама заеднички му оддадоа чест на Картер во изјава, Мишел не го прекина одморот на Хаваи за да присуствува на церемонијата.
,,Мишел ги испраќа своите мисли и молитви до семејството Картер и до сите кои го сакаа и учеа од овој извонреден поранешен претседател“, рече нејзиниот портпарол.
Семејството на Барак Обама помина продолжен одмор на Хаваи, каде што привршуваат на реновирање на луксузната вила на плажа со два базени. Јавноста беше изненадена од фактот што Мишел Обама не го прекина својот одмор за настан кој беше клучен за Демократската партија, како и за погребот на Џими Картер, човек кој беше јавно пофален за неговиот интегритет и сочувство, пишува Дејли Мејл.
Семејството Обама е познато по тоа што негува традиција на политичка коректност и единство, но Мишел реши овојпат да не присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, со што ја прекина долгогодишната практика поранешните претседатели и нивните сопруги да присуствуваат на инаугурацијата на нивните наследници. Извори блиски до Мишел наведуваат дека „нејзиното отсуство е порака сама по себе“ и дека „не прави ништо само поради традиција или протокол“.
Шпекулации за состојбата на бракот
Мишел и Барак Обама, кои прославија 32 години брак, често беа претставени како идеална двојка. Меѓутоа, неодамна се погласни се шпекулациите за проблеми во нивната врска. На социјалните мрежи се појавија теории дека причината за нејзиното отсуство можеби е поврзана со состојбата на нивниот брак, а не со Доналд Трамп.
Во 2022 и 2023 година, парот јавно зборуваше за предизвиците во нивниот брак.
„Од тогаш има десет години кога не можев да го поднесам мојот сопруг“, признала Мишел во еден панел, мислејќи на периодот кога нивните ќерки Малија и Саша биле мали. Барак во интервју за CBS во 2023 година додаде: „Многу помага што повеќе не сме во Белата куќа и имаме повеќе време еден за друг“.
Гласини за афери
Со текот на годините, Барак Обама беше предмет на гласини за наводни афери. Минатиот октомври актерката Џенифер Анистон јавно ги демантираше тврдењата на еден таблоид дека е во врска со него, што, според изворите, Мишел го доживеала како предавство.
„Мишел отсекогаш била свесна за шармот на Барак, но имало моменти кога едвај поднесувала такви приказни“, велат изворите.
Слични гласини кружеа за време на неговиот претседателски мандат, вклучувајќи тврдења дека неговите телохранители криеле потенцијални афери. Еден од најпознатите инциденти беше селфито со данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит на погребот на Нелсон Мандела, по што Мишел беше фотографирана со сериозен израз на лицето.
И покрај гласините, парот минатата година ја одбележа годишнината од бракот со емотивни објави на социјалните мрежи.
,,32 години исполнети со акција со мојата сакана. Низ сето тоа, ти благодарам што секогаш си тука за мене и што наоѓаш начин да ме насмееш”, напишала Мишел. Барак одговорил: „Не би можел да побарам подобар партнер и пријател за овој живот“.