Таа беше прогласена за најголемиот губитник на Греми наградите во 2025 година на социјалните мрежи: Номинирана во шест категории, но отиде дома со празни раце (фото)
На 67. Греми награди, одржани на 2 февруари 2025 година, во Крипто Арената во Лос Анџелес, Тејлор Свифт имаше забележителна улога како презентер и номиниран уметник. Таа беше номинирана во шест категории , вклучително и за песна на годината за „Fortnight“ со Пост Мелоун и за албум на годината за „The Tortured Poets Department“.
За време на церемонијата, Тејлор
и’ ја додели наградата за најдобар кантри албум на Бијонсе, што предизвика бурни реакции кај публиката и кај медиумите. Покрај професионалните обврски, Тејлор уживаше во церемонијата, дружејќи се со колеги уметници и учествуваше во славењето на музичките достигнувања од изминатата година.
Греми наградите за 2025 година беа посветени и на собирање средства за жртвите од разорните пожари во Лос Анџелес, што дополнително ја истакна хуманитарната димензија на настанот. Иако беше номинирана во шест категории на 67. Греми награди, таа не освои ниту една награда.
Токму затоа многумина веруваат дека таа е најголемиот губитник оваа година. Иако си отиде дома со празни раце, лицето цело време и светеше од насмевка, а иако се чувствуваше лошо поради тоа, не дозволуваше никој да го забележи тоа на нејзиното лице, пишува Глоси.