Таа му ги шепна овие бизарни зборови пред целосно да се разоткрие пред сите: Среде гласините за развод, контроверзната Бјанка привлекува внимание со бизарен прекар за Вест (фото)

Само десет дена по церемонијата на 67. Греми награди, каде што со своето скандалозно однесување предизвикаа бурни реакции во јавноста, се појави веста дека контроверзната двојка Канје Вест и Бјанка Ценсори наводно се разведуваат. Сепак, сега фокусот е вратен на таа вечер, но овојпат не на стајлингот на Бјанка туку на бизарниот прекар што таа наводно му го дала.

profimedia-0959767579.jpg

Имено, на оваа тема зборуваше експертот за читање од усни Џереми Фримен, кој истакна дека Бјанка му шепнала на Канје „татино девојче“, на што тој одговорил со „да“, навестувајќи дека таа всушност му се обраќала со „тато“, пренесува „Мирор“.

Потсетете се дека откако предизвикаа скандал на Греми наградите, кога Канје „нареди“ Бјанка: „да ја соблече бундата, да се сврти и да направи сцена“ и дека: „ќе каже дека сето тоа има смисла“, контроверзната двојка, како што и самите потврдија, отишла на пост-журката на доделувањето на Греми наградите, со што ги негирале гласините дека биле разделени. 

Веќе следниот ден, Канје се огласи на својот профил на социјалните мрежи „Х“ и објасни дека целиот чин е всушност инспириран од насловната страница на неговиот албум „Мршојадци 2“ и дека е исклучително горд на својата сопруга.

„Првиот црвен тепих на мојата сопруга отвори сосема нов свет. Ја гледам оваа слика и размислувам колку сум среќен што имам сопруга која е толку паметна, талентирана, храбра и секси“, напиша Канје и додаде: „Таа направи пауза од снимањето на нејзиниот прв филм за да сними филм во реалниот живот. Го наместивме тој невидлив фустан шест пати.”

Меѓутоа, Канје набрзо повторно предизвика бурни реакции во јавноста со тоа што се декларира како нацист и обожавател на Хитлер, а веднаш потоа за време на „Супер Боул“ купил рекламен простор за да ја промовира својата линија облека „Yeezy“, а неговата онлајн продавница продавала маица со нацистичка свастика за 20 долари, но платформата „Shopify“ набрзо ја затворила. 

Канје доби и привремена забрана за користење на социјалната мрежа „Х“, а веднаш по забраната, во четвртокот на 13 февруари, ги избриша сите навредливи изјави од својот профил, тврдејќи дека сето тоа е „социјален експеримент“. 

„Толку е смешно како рапувањето за убивање црнци не е говор на омраза, туку објавување кукаст крст“, напиша Вест, а неколку дена подоцна следеа гласини дека се разведува од сопругата Бјанка и дека таа ќе добие 5 милиони долари, според устен договор. Во медиумите се шпекулира и дека Бјанка сè уште е во нивната вила вредна 35 милиони долари во ЛА, додека не се знае точно каде се наоѓа Канје, но се шпекулира дека тој најверојатно е во Токио, каде минатата година го поминал најголемиот дел од своето време. Гласините за нивниот развод беа поттикнати и од фактот дека Денот на вљубените не го поминаа заедно, иако тврдеа дека ќе го поминат. 

Останува да видиме дали навистина повеќе не цветаат рози меѓу контроверзната двојка или сето тоа е можеби повторно некаков „социјален експеримент“.