ТАБЛЕТИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ПАРКИНСОНОВАТА БОЛЕСТ КОРИСТЕНИ КАКО ДРОГА: Голем напад во Ирак, пронајдени 12 милиони таблети Артан
Ирачките безбедносни сили вчера соопштија дека заплениле 12 милиони таблети за лекување кои вообичаено се користи како дрога, во една од најголемите полициски рации во последните месеци во земјата.
Во таа акција уапсени се шест лица, објавија властите во видео објавено на социјалните мрежи, на кое се гледаат кутии Артане, лек наменет за лекување на Паркинсонова болест.
Операцијата доведе до откривање на „магацин во кој имало повеќе од 12 милиони наркотични таблети, што е еквивалент на два и пол тони“, соопштија ирачките власти, додавајќи дека рацијата била во Багдад.
Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) изјави дека лекот некои го користат како дрога, исто како и трамадолот, силен лек против болки од семејството на опијати.