Таравари: Ако се земе парче земја од Косово, тоа може да биде причина за голем конфликт

Еден од лидерите на ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари во објава на социјалните мрежи ги анализира настаните што се случуваат во светската политика по доаѓањето на власт на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и состојбите на Балканот, особено на Косово.

Таравари пишува дека дипломатијата исчезнува и дека претседателот Трамп целосно ги менува ставовите и постапките на САД.

„Целиот свет е сцена, а сите мажи и жени само актери“… Исто како и ненадеен крај на бракот, се доживува распад на американско-европските односи, затоа што има дефект и тоа е неспорно!

Сега, дипломатијата што исчезнува останува слаба надеж дека овој раскол нема да се претвори во раскинување.

Се појавија секакви теории, шпекулации и претпоставки, но суштинското прашање останува:
Што ќе се случи со светот?!

Претседателот Трамп целосно ги менува ставовите и постапките на САД. Овие промени се еквивалентни на движењето на тектонските плочи, а бидејќи САД се една голема плоча, земјотресот погоди секого и сè.

„Некои европски лидери ја доживуваат оваа динамика на начин што наликува на повик за помош од психолог“, пишува Таравари.

Таравари пишува дека Балканот е буре барут и ако се земе парче земја од Косово тоа може да биде причина за почеток на голема војна.

Балканот секогаш има буре барут кое колку и да има предрасуди или судење од Официјална Европа, доколку се запали, со себе ќе го понесе не само овој континент, туку и целиот свет.

Овие нови спорови кои целосно ги нарушуваат старите баланси, до каде ќе одат, а како ќе се одразат особено на Косово?!

„Сите актери кои учествуваат на овој настан треба да знаат дека: Ако се донесе неправедна одлука, дури и за дел од неа, Косово ќе остане запишано во историјата како малата земја што го предизвика големиот конфликт и сите ние ќе бидеме дел од конфликтот кој би можел да се нарече и Третиот светски конфликт“, додаде Таравари.