Тело на бугарски нуркач пронајдено во Охридското Езеро

Телото на удавениот нуркач, кој исчезна во водите на Охридското Езеро, е пронајдено во близина на селото Трпејца во Охрид.

Според очевидци, тој носел нуркачко одело и имал целосна опрема за нуркање.

Министерството за внатрешни работи претходно објави дека 52-годишен бугарски државјанин исчезнал додека нуркал на длабочина од 89 метри, над селото Трпејца.

Инцидентот се случил вчера околу 13:15 часот, а во неговото пронаоѓање биле ангажирани екипи од Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Охрид, Стефан Димоски, го потврди инцидентот попладнево и објави дека телото е извлечено од големи длабочини.

Причините за несреќата засега не се познати.