ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА НА АДРЕСА НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ – Србија распоредува моќни системи на границата со Косово, а “терористот“ Миалн Радоичиќ е на слобода !?

Премиерот на Косово, Албин Курти, тврди дека Србија распоредила системи за против-воздушна одбрана во близина на границата со Косово, предупредувајќи во исто време дека во Рашка се одвива „паравоена реорганизација“ на Милан Радоичиќ.

Албин Курти ги обвини српските власти на Косово дека прават сè со нивни инструкции и поддршка. Претседателот на Владата на Косово во објава на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека Милан Радоичиќ на 10. ноември се сретнал со 40 српски политичари од кои, според него, било побарано да се мобилизираат за да гласаат за Српската напредна партија (СНС).

Милан Радоичиќ

Имаше барање за мобилизација за гласање за партијата-држава во Србија, СНС, на изборите на 17. декември. Со нив биле уценувани оние кои биле на платен список, а на другите им била понудена работа на три и шест месеци“, тврди Албин Курти.

Тој додава дека по терористичкиот напад на северот на Косово на 24. септември, Милан Радоичиќ во рок од еден ден е ослободен за да продолжи со своите паравоени и терористички активности во служба на државната политика на Србија кон Косово.

Премиерот на Косово побара од КФОР, ЕУЛЕКС и Европската унија јавно да и го препишат чинот на агресија, криминал и тероризам на Србија и да ја осудат реорганизацијата на групата на Милан Радоичиќ.

И по меѓународниот притисок, Србија се уште не ги повлече сите војници и артилерија од околината на Косово. Продолжува да ја загрозува безбедноста на Косово со напредните оперативни бази на вооружените сили на Србија долж границата со нашата земја. Покрај тоа, Србија распореди против-воздушни системи во близина на границата со Косово“, напиша Албин Курти.