Тие беа земјата со најмногу снег, а сега се прашуваат каде отиде “белиот“ Божиќ: “Се уште ја гледам зелената трева во дворот…“
Во Канада, огромна земја позната по суровите зими и големите количества снег, луѓето ќе се разбудат овој Божиќ со едноставна мисла: Каде е снегот ?
Имено, нема многу од тоа. Од брег до брег, од север кон југ, делови од земјата што требаше да се претворат во мраз се всушност зелени и кафеави.
„Јас сум синоптичар 55 години и никогаш не сум видел зима како овогодинешниот официјален прв ден на зимата“, вели Дејвид Филипс, климатолог во федералното Министерство за животна средина на Канада.
„Не изгледа како зима, не се чувствува како зима, а сепак е зима. Мислам дека тоа е шок за мене“, додава тој.
Околу 75 отсто од Канаѓаните обично имаат „бел“ Божиќ, а сега процентот е блиску до нула.
Зимите обично се најтешки во провинциите без излез на море како Алберта, каде често има повеќе од пет месеци снег.
Сепак, во петокот во главниот град на Алберта, Едмонтон, е забележана висока температура од 7 степени Целзиусови, додека минатата година во истиот период беа забележани -28 Целзиусови степени.
Понатаму на исток во провинцијата Манитоба, пријатното време го погодува дури и градот Винипег, кој традиционално е толку студен во овој период од годината што локалното население го нарекува Винтерпег.
„Навистина е благо, речиси и да нема снег“, вели Лин Стадник, која живее во Винипег, истакнувајќи дека сè уште може да види трева во дворот на нејзиниот сосед.