“ТИЕ СЕКОГАШ НЕ ОБВИНУВААТ!“ – Александар Вучиќ се фотографираше на улиците на Њујорк и испрати бизарна порака, а најави и историски говор: “Денес може да бидам прекинат!“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес по 17 часот ќе одржи „историски говор“ пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде се собрани високи политички претставници. Тој најави дека неговиот говор нема да им се допадне на многумина, а во пресрет на најавата за говорот, тој на социјалните мрежи објави фотографија од улиците на Њујорк, испраќајќи бизарна порака.

Триесет години српскиот народ трпеше најлошо лицемерие, притисоци и напади, само затоа што сакаше да ја зачува својата земја и огништата на своите прадедовци. Во тие триесет години ни земаа се, од луѓе до територија. И за се што ни правеа, секогаш не обвинуваа. Денес ситуацијата за нашата земја е тешка како и пред петнаесет или дваесет години. Сепак, за прв пат, ветровите на слободата дуваат сè посилно овде во ОН. Ние, Србите и граѓаните на Србија, го дишеме воздухот на слободата со полни бели дробови и ќе ја заштитиме нашата земја. Нема предавање!“, напиша тој во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Претходно Александар Вучиќ кажа дека главна тема на неговиот говор ќе бидат принципите на меѓународното јавно право.

Јас како политички ветеран сакам да оставам белег и со тој говор и ги молам граѓаните на Србија да го слушнат, ќе биде после 17 часот, ќе ги кажам фактите, вистината и верувам дека на многумина нема да и се допаѓа. Можеби ќе зборувам уште малку, можеби ќе бидам прекинат, некои зборуваа подолго, не беа прекинати“, порача Александар Вучиќ и кажа дека ќе ги набројал сите големи лидери кои зборувале подолго и дека ќе ги искористи овие факти доколку биде прекинат.