Четири часа по почетокот на седницата на Централното претседателство на ДУИ, дел од членовите кои се познати како ткн. Огнена група го напуштија состанокот и најавија дека ќе функционираат како фракција во партијата. Ова пред новинарите го најави актуелниот организациски секретар во ДУИ, Блерим Беџети.
„Денеска преку вас дозволете да ја информираме јавноста дека разликите се големи и од организационен аспект внатре во ДУИ, но и дебатата за програмските определба, врз основа на што ја добивме и довербата од граѓаните. За жал немаме можност од реална дебата и се користат двојни или тројни аршини во однос на одредени исти и слични прашања и затоа од денеска ние ќе имаме наши ставови бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ“, изјави за медиумите Блерим Беџети.
Тие смеаат дека актуелните министри во Владата од ДУИ ја узурпирале партијата со своите одлуки.
„Бидејќи имаме разлики, имаме одредени различни мислења за одредени ставови, ќе имаме наше политичко делување оти сметаме дека министрите ја узурпирале партијата со своите одлуки. Тоа што е надлежност на партијата преминува во надлежност на членовите Владата и тука да се разбереме не се само кадровските прашања, тоа се релевантни и значајни, зборуваме за проргамските определби на ДУИ“, изјави Беџети.
На новинарските прашања дали и натаму ќе бидат дел од органите на партијата, рече дека се избрани друг партиски орган и дека не се разрешени.