,,Ти си вистински маж – Наша професија е да ја браниме татковината!” Русија со ново пропагандно видео сака да привлече доброволци за војната: Нудат голема плата (ВИДЕО)

Руската армија објави ново пропагандно видео за да привлече што е можно повеќе професионални регрути да се борат во Украина.

Во видеото, мажите се поканети да „бидат вистински мажи“ и да го разменат цивилниот живот за бојното поле. Видеото е придружено со драматична музика.

Британската разузнавачка агенција тврди дека целта на Кремљ е да регрутира околу 400.000 војници доброволци за зајакнување на своите сили во Украина.

Ова видео досега е објавено на сите социјални мрежи во Русија.

Помина долго време откако Русија официјално објави колку нивни војници се убиени и повредени за време на конфликтот во Украина. Некои проценки покажуваат дека досега загинале 43.000 руски и околу 17.500 украински војници.

Во оваа примамлива реклама, армијата ги повикува мажите да потпишат договор со руското Министерство за одбрана, а исто така им нуди плата од 204.000 рубљи (околу 2.260 евра).

На почетокот на видеото можете да видите маж облечен во воена униформа, кој држи автомат во супермаркет.

Во следната снимка, друг човек шета низ маглата со други војници низ она што изгледа како бојно поле. Потоа е прикажан како инструктор во теретана кој му помага на човек да крене тегови.

,,Дали е ова навистина вашата сила“, се слуша на видеото, пишува Independent.

Потоа прикажува таксист кој одеднаш се претвора во војник на бојното поле.

„Ти си вистински маж, остани тоа“, стои на крајот од видеото.

Откако Русија започна делумна мобилизација во септември минатата година, десетици илјади мажи ја напуштија земјата за да избегнат да одат во војна.

Во последните недели во Москва почнаа да се појавуваат пропагандни плакати со барање професионални војници.

„Нашата професија е да ја браниме татковината“, стои на овие плакати.