“ТОА ГО НАПРАВИЈА НАМЕРНО!“ – Конечно се огласи и Кремљ: “Погледнете што се случи во последните 48 часа и ќе ви биде јасно кој е виновен!“
Кремљ ја обвини Украина дека ја уништила браната „Нова Каховка“ на реката Днепар, која се наоѓа во делот на Украина кој е под руска окупација.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кажа дека Украинците го направиле ова за да го одвлечат вниманието од наводната контраофанзива против руските вооружени сили, објави медиумската агенција Reuters.
„Можеме недвосмислено да кажеме дека ова е намерна саботажа од украинската страна“, изјавил Димитриј Песков за новинарите. Тој исто така кажал дека претседателот Владимир Путин бил информиран за ситуацијата.
Тој вели дека целта на уништувањето на браната е да се намали контролата на Крим од Русија, како и да се сопре свежата вода што ја добиваат од акумулацијата преку Северниот Кримски канал и да се сврти вниманието од контраофанзива.
„Очигледно, оваа саботажа е поврзана со фактот дека откако пред два дена започнаа големи офанзивни акции, украинските вооружени сили сега не ги постигнуваат своите цели – со овие офанзивни дејствија се колебаат“, тврди потпаролот на Владимир Путин.
Запрашан за украинските обвинувања дека Русија ја уништила браната, Димитриј Песков кажа: „Можеме силно да го отфрлиме тоа. Официјално изјавуваме дека ова е дефинитивно намерна саботажа од страна на Украина“.
Димитриј Песков вели дека – „саботажата може да има многу сериозни последици за десетици илјади жители во регионот“.
Со сличен тон зборуваше и Владимир Леончиев, рускиот градоначалник на Нова Каховка.
„Не смееме да го заборавиме ова злосторство. Ова е терористички акт со само една цел – цивили. Украинците тоа го направија“, изјавил градоначалникот.
Инаку, градот Нова Каховка беше целосно потопен.