“ТОА Е МНОГУ ЛОША НАВИКА!“ – Дејвид Бекам искрено проговори за неговата борба со ова нарушување: “Знаете ли што правам со часови откако сите ќе заспијат !?“
Дејвид Бекам (47 г.) открива уште една страна од својот живот во претстојниот документарен филм. Имено, тој признава дека поради борбата со опсесивно-компулсивно растројство останува буден со часови и често чисти во текот на ноќта, а во семејството често има и „расправии“ поради тоа.
Дејвид Бекам ќе ја открие својата доживотна борба со OCD во претстојната серија на стриминг платформата Нетфликс која има буџет од 16 милиони фунти. Претходно поранешниот фудбалер призна дека држи сè во права линија, а сега открива дека останува буден со часови чистејќи откако неговото семејство ќе си легне да спие.
Тој признава дека оваа состојба го принудува секојдневно да ги чисти искористените миризливи свеќи, а во еден момент се скарал со сопругата Викторија бидејќи таа не ја ставила солта на местото каде што треба да стои.
„Кога сите одат да спијат, јас одам низ дома и чистам. Ги чистам свеќите, ги местам прекинувачите за светло на нивните оригинални поставки, проверувам дека сè е во ред. Мразам да се будам во неред. Некогаш дури чистам восок од свеќи“, признал Дејвид и додал дека бил свесен дека тоа е чудно.
Минатиот јули, Нетфликс потврди дека се работи на документарна серија во која глуми поранешниот спортист, откако претходно беше објавено дека тој потпишал договор од 16 милиони фунти. Во новата документарна серија, Дејвид ќе ги открие своите скромни почетоци во источен Лондон од работничката класа и желбата и решителноста што го доведоа да стане еден од најпрепознатливите и најплатените спортисти на сите времиња.
Документарната серија ќе содржи мешавина од досега невидени лични архивски снимки од изминатите четириесет години, како и интервјуа со самиот Дејвид, неговото семејство, пријатели и клучните личности кои биле дел од неговото патување на теренот и надвор од него.
Проектот го води оскаровецот Фишер Стивенс, кој е режисер и извршен продуцент, заедно со продуцентот Џон Батсек, добитник исто така на Оскар.