“ТОА СЕ ИДИОТИ!“ – Владимир Путин нервозен како никогаш досега: “Сакаат да ја поделат Русија, тие не разбираат ништо…“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека се врши надворешен притисок врз Русија и дека противниците на земјата бараат таа да се подели на десетици мини држави.
Владимир Путин изјави и дека противниците на Русија, луѓето со неоколонијално размислување, се идиоти, бидејќи, како што вели, не разбираат дека токму националната различност е она што ја прави земјата посилна.
„А нашите противници, кои ги спомнав, луѓе со неоколонијално размислување, всушност идиоти, не разбираат дека оваа различност не прави посилни. И џабе бројат дека ќе се случи она на што се надеваат“, рекол тој на седницата на Советот за меѓународни односи на Русија.
Претседателот на државата нагласил дека повиците за поделба на Русија на десетици мали државни субјекти се поврзани со себични интереси и дека противниците на земјата сакаат да ја потчинат својата територија на нивна волја и експлоатација, а немаат други цели.
„Гледаме каков агресивен надворешен притисок се врши врз Русија, врз целото наше општество. Против нас е насочен речиси целиот арсенал: економски, воен, политички, информативен. Покрената е најсилната антируска пропаганда“, кажал Владимир Путин во Пјатигорск.
Тој посочил дека не престануваат нападите врз руската култура и духовните вредности, како и обидите да се забие клин во братството на народите што живеат во Русија.
„Нашите противници сметаат дека мултинационалноста на Русија е нејзината слаба точка и прават се за да не поделат. Организираат провокации во рамките на националните заедници. Наводно во името на рускиот народ основаат разни општествено-политички здруженија кои ги претставуваат само нив и провокатори како нив. Дрско зборуваат за потребата од таканаречена деколонизација на Русија“, рекол Владимир Путин.