Томовски: Ќе се стави крај на злоупотребата на службени возила, истите ќе бидат соодветно обележани!
Директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски во изјава за Сител телевизија рече дека со воведувањето на регистер за службените возила ќе се стави крај на злоупотребата, а истите ќе добијат соодветни таблици кои што ќе се разликуваат од останатите.

Ќе се воведе еден регистар каде ќе се водат сите државни и општински возила, ќе знаеме точно со каков возен парк располага државата и истите ќе добијат соодветни таблици, односно таблици во боја. Во случајов како што е со такси компаниите и дипломатските возила. Со тоа сметам дека ќе исполниме уште едно предизборно ветување кое ѓто го имавме. Сите возила ќе бидат обележани со иста боја за да се разликуваат кои се приватни, кои се државни, изјави Томовски.