Дестинација во соседството прогласена за најдобро место за есенско патување.
Летото полека привршува, што на многумина им дава повод да размислуваат за есенско патување. А доколку сеуште не сте решиле каде да одите, имаме одличен предлог. Имено, добро познатиот магазин Travel and Destinations направи листа на 15 најдобри европски дестинации кои се идеални во текот на претстојната сезона. И првиот на списокот е во нашето соседство!
– Има бројни предности од патувањето во Европа наесен. Прво, гужвите се многу помали, па можете многу подобро да ги истражувате атракциите за кои сте заинтересирани. Покрај тоа, температурите се поладни и попријатни за активности на отворено и разгледување, се вели во написот.
Списанието ги вклучи Плитвичките езера на првото место на најдобрите есенски дестинации за патување .
Националниот парк Плитвички езера е прекрасен парк лоциран во северна Хрватска , во близина на Загреб. Тој е најстариот и првиот национален парк во земјата и е на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1979 година. Она што го прави ова место толку посебно се 16-те езера во паркот од 300 квадратни километри и неверојатните бои , според Travel and Destinations.
Покрај Плитвичките езера велат дека во наредните месеци вреди да се посети и Блед во Словенија, а еве кои дестинации ги наведоа:
– Санторини
– Прага (Чешка)
– Национален парк Боемски Швајцарија (Чешка)
– Виена (Австрија)
– замокот Нојшванштајн (Германија)
– Будимпешта (Унгарија)
– Малта
– Островот
– Халштат (Австрија)
– Маракеш (Мароко)
– Рим (Италија)
– Шкотски Хајленд (Шкотска)
– Париз, Франција)