ТОТАЛНО “ПРОМАШУВАЊЕ“ – Тренерот на Манчестер Јунајтед во жестока ‘војна’ со младата ѕвезда: Го платија 85 милиони евра, а денес е исфрлен и од “WhatsApp“ групата !?
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, падна во немилост на тренерот Ерик Тен Хаг.
Холандскиот стручњак прво ја исфрли скапата ѕвезда од тимот и му забрани пристап до сите клупски соби наменети за првиот тим, а сега отиде чекор понатаму – го исфрли крилниот напаѓач од групата на WhatsApp преку која испраќа информации до неговите играчи.
Кога во летото 2021 година пристигна од Борусија Дортмунд во трансфер вреден околу 85 милиони евра, навивачите веруваа дека англискиот репрезентативец во иднина ќе биде големо засилување и предводник на тимот. Сепак, Џејдон Санчо не ги оправда големите очекувања.
Момчето кое на 137 натпревари за Борусија Дортмунд постигна 50 гола и 64 асистенции, целосно „изгоре“ кај Манчестер Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“ на 82 натпревари постигна само 12 гола и забележа шест асистенции.
Сезонава на теренот мина само 76 минути, а подоцна беше отстранет од тимот за натпреварите. Ерик Тен Хаг потоа објасни дека причината е недоволно ангажирање на тренинзите.
Ова го налути Џејдон Санчо, кој на социјалните мрежи ги демантираше тврдењата на холандскиот стручњак и кажа дека е „жртвено јагне“.
Поради неговата изјава тој го загуби местото во тимот и тренираше со јуниорите. Тој е казнет со забрана за влез во сите објекти за првиот тим, вклучувајќи го и клупскиот ресторан, додека не му се извини на Ерик Тен Хаг.
Џејдон Санчо не го направи тоа, па холандскиот стручњак отиде чекор понатаму – го отстрани од интерната група на WhatsApp , пренесува The Sun.
Англискиот фудбалер пропушти 13 натпревари по ред и медиумите шпекулираат дека тој би можел да го напушти „Олд Трафорд“ веќе во јануари и дека Манчестер Јунајтед е подготвен да прифати намалена цена за англискиот репрезентативец.
Трансфермаркт неговата вредност ја процени на 130 милиони евра во 2020 година, а сега е „само“ 32 милиони.