Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги повика возачите да ги сменат дозволите и да добијат нови, со новото уставно име.
Зборувајќи при посетата на Секторот за персонализација при Министерството за внатрешни работи, каде што беше промовирана новата машина за печатење лични документи, Тошковски рече дека овој период граѓаните треба да го искористат.
„Граѓаните да го искористат следниот период за промена на возачката дозвола со новото уставно име според Законот за безбедност на патиштата. Тие треба да го искористат наредниот период и што поскоро да ја обноват возачката дозвола, бидејќи старата возачка дозвола ќе важи до 31 декември годинава“, рече Тошковски.