Тошковски: Континуираната обука на вработените во МВР за зголемена професионалност ќе донесе поголема сигурност
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и дел од раководството на Министерството за внатрешни работи го посетија Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи. Тошковски, како што информираат од неговиот кабинет, истакнал дека континуираната обука на работниците во Министерството за внатрешни работи ќе донесе поголема безбедност кај граѓаните.
Тој информира дека во моментов се реконструираат дел од објектите на Центарот кои се во сопственост на МВР, а кандидатите за полицајци остануваат и продолжуваат со студирањето.
„Нашата амбиција е центарот за обука да го унапредиме во современ полициски центар за обука кој ќе се трансформира во регионален центар за обука на кадри од областа на безбедноста. Во изминатиот период не се ставаше доволно акцент на континуитетот на тренинзите, а во овој дел посветено ќе работиме“, нагласи Тошковски при посетата.
Потенцира дека ќе се гради систем на континуирана обука на полициските службеници и вработените во Министерството за внатрешни работи, со што ќе се зајакне стручноста и професионалноста на сите институции одговорни за безбедноста, како основа за поквалитетен живот на сите граѓани.