„Тој беше мојата прва и најголема љубов, ми почина во прегратка“ – Емина Јаховиќ проговори за најтешкиот период од нејзиниот живот (фото)

Пејачката Емина Јаховиќ си го отвори срцето за најголемата загуба во животот – смртта на нејзиниот татко Нусрет, кој беше познат кардиолог.

Вечна е болката по толку тешки работи какви што доживеа познатата пејачка, а таа сè уште рони солза кога ќе се сети на сè.

Имено, додека таа сè уште одела во основно училиште, како 13-годишно девојче, на семејството Јаховиќ му се случила голема трагедија. Почина нејзиниот татко, почитуваниот кардиолог Нусрет Јаховиќ. Тоа е голем удар за секое семејство, особено за такво мало девојче.

– Јас сум сирак… Во Турција сирак е кога детето останува без татко или мајка во некои рани години . Татко ми почина многу рано, јас бев девојче. Се сеќавам на татко ми – рече Емина.

-Првиот инфаркт го имаше, се сеќавам, кога јас и тој бевме сами во куќата. Тоа беше страшна траума за мене како дете.  Знам дека падна во мои раце, само му реков да се разбуди. Тоа ми беше ужасно тешко. Смртта на родител кога детето е мало предизвикува голема траума. Детето не е свесно за моментот на болка. Кога си постар, тоа е болка, но ќе помине. Кога си дете, тоа останува со тебе до крајот на животот. Ова многу влијае на вашите избори, на вашиот карактер, на вашите стравови – истакна Емина Јаховиќ.

– Татко ми беше мојата најголема љубов. Не поминува ден да не помислам на него. Ми недостига многу, многу. Пред некој ден бев на свадба, видов невеста, моја братучетка како игра со татко и’ на подиумот. Реков – Мили Боже, вакво нешто не сум доживеала, вакво нешто постои. Како некако да го избришав тој дел од мојот живот. Секогаш ми доаѓа да плачам кога зборувам за него, но нема да плачам затоа што сè повеќе сум свесна дека само физичкото тело си заминува. Тој е тука, секогаш е до мене – додаде пејачката.