ТОЈ Е ЛИДЕР НА “БУНТОТ“ ШТО ЈА ПАРАЛИЗИРАШЕ ГЕРМАНИЈА – Одби “гнил компромис“ со Владата и вели дека Олаф Шолц го советуваат луѓе кои не знаат што прават
Јоаким Раквид, претседател на германското здружение на земјоделци, не бираше зборови кога зборуваше утрово за ставот на Владата на канцеларот Олаф Шолц кон протестот што ја парализираше земјата трет ден по ред.
Bild пишува дека Јоаким Раквид гостувал на телевизијата ZDF, каде што најавил продолжување на протестите на земјоделците против владините политики.
Делумните отстапки што им ги понуди Владата на Олаф Шолц на демонстрантите, тој ги нарече како – „гнил компромис“.
Bild наведува дека народот е на страната на земјоделците бидејќи ВИП политичарите не ги слушаат.
Се вели дека ова е затоа што Јоаким Раквид водел бунт против „политиката на елитата“.
Јоаким Раквид вели дека Владата ја советуваат луѓе кои никогаш не работеле, никогаш не се испотиле.
Тој оцени дека федералната Влада мора повеќе да ги слуша оние кои преку секојдневната работа овозможуваат функционирање на Германија.
„Тоа ги вклучува и земјоделците“, нагласува Јоаким Раквид.
Bild објаснува дека кога зборува за „берлинскиот меур“, тој мисли на обвинувањата дека политичарите и нивните советници имаат малку допир со реалниот живот во Германија.