Министерството за здравство информира дека денеска од лекување во Клиничкиот центар во Србија ќе се вратат пет пациенти повредени во кочанската трагедија. Според протоколот, тројца од нив ќе бидат на опсервација на Клиниката за пулмологија, еден пациент на Клиниката за пластична хирургија и еден на Клиниката за хирургија „Свети Наум Охридски“.
Министерството информира и дека вчера пациент се вратил од лекување во Хрватска и во моментов е на опсервација на Клиниката за пластична хирургија. Така, 38 пациенти остануваат на лекување во медицински центри во странство.
„Во земјава во моментов се лекуваат 7 пациенти – од нив 4 се хоспитализирани во „Св. Наум Охридски“ Хируршка клиника, еден на Клиниката за пластична хирургија и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.
„Министерството за здравство постојано ја следи состојбата на повредените пациенти, со цел да се обезбеди најдобар можен третман и понатамошна рехабилитација“, соопшти Министерството за здравство.