ТРАГЕДИЈА ВО СРПСКИ АВТОБУС НА ПАТ ЗА ШТУТГАРТ: Отишла да ги види синот и ќерката и починала на бензинска пумпа (ФОТО)

Патничка, чиј идентитет се уште не е откриен, наводно го поставила прашањето „до каде сме стигнале“ кога патниците и кажале дека се во близина на Виена, таа изгубила свест и починала

НОВИ ПАЗАР – На пат кон Штутгарт, на бензинска пумпа недалеку од Виена, ненадејно почина жена која со домашен приватен превозник патувала од Нови Пазар до својот син во Штутгарт.

Како што се дознава од патниците во автобусот, веднаш била повикана итна медицинска помош, но ниту брзата реакција на тимот, ниту обидите за реанимација не можеле да и го спасат животот на несреќната патничка.

Дури и хеликоптер бил распореден на пумпата каде што застанал автобусот, но за жал, сето тоа беше залудно. Се претпоставува дека жената планирала да го посети својот син во Штутгарт откако нејзината ќерка пристигнала од Америка. Сепак, таа не издржа …

Според неофицијални информации жената е од Пријепоље.