Трагедија на омиленпто македонско летувалиште: Татко (48) се удави обидувајќи се да го спаси својот син (8)

Татко се удавил на познатата плажа Лагониси на Халкидики, Грција додека се обидувал да го спаси своето 8-годишно дете, кое ветерот го однесол додека лежело на душегот.

Како што соопшти крајбрежната стража во 11:30 часот, маж (48) бил извлечен од морето во бессознание.

Според „Прототема“, таткото се обидувал да го спаси синот кој бил на душек, а силен ветер го однел.

Момчето било спасено со чамец, додека таткото не успеал да преживее.

Тој бил извлечен од морето во несвест и пренесен во болница, каде што била констатирана смрт.