ТРАГЕДИЈА – Почина младиот пејач од српското шоу “Ѕвезде Гранда”: “Излетал од автопатот!”

Синоќа почина пејачот Немања Вуковиќ (22 г.), најпознат по натпреварувањето во српското музичко шоу “Ѕвезде Гранда“. 

До несреќата дошло кога тој излетал од патот и удрил во заштитна шина на автопатот Шид-Белград. Се сомнева дека го оставил возилото и решил да помине преку автопатот кога на него налетал автобус, објави српски Курир.

Немања Вуковиќ

Непосредно пред страшната несреќа, жртвата Н.В. доживеала незгода кога со својот автомобил од правец на Белград кон Шид излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Потоа, како што се сомневаат, излегол од возилото и како пешак се обидел да ги помине коловозните ленти на автопатот наменет за спротивна насока, односно од Шид кон Белград“, објаснуваат за српските медиуми извори запознаен со случајот.

Откако во него удрил автобус, Вуковиќ набргу починал од здобиените повреди. Неговата смрт ја констатирал лекар од Итна помош кој набрзо со својата екипа пристигнал на местото на несреќата. Не е јасно зошто сакал да премине на другата страна од автопатот.

Инаку, младиот пејач на 18 години се натпреваруваше во популарното музичко шоу “Ѕвезде Гранда“, по што постигна голем успех.