Неверојатен автогол го одбележа натпреварот од второто коло од квалификациите за Конференциската лига помеѓу Беитар од Ерусалим и ПАОК од Грција .
ПАОК го совлада израелскиот тим на гостински терен со 4:1, а за водечкиот гол на тимот од Солун уште долго ќе се зборува .
Бејара Готлиб му ја врати топката назад на голманот Мигел Силва за да го започне нападот, но несреќниот мрежен чувар не го очекуваше повратното додавање и комично заврши во мрежата.
Погледнете ја оваа трагикомична ситуација:
Да потсетиме, на првиот натпревар одигран во Солун беше изедначено 0:0, па ПАОК по убедливиот триумф на гостински терен се пласираше во следната рунда од квалификациите.