Задолжителниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на настанот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби 22-годишна жена.
Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил „пежо“ со скопски регистерски таблички, управуван од 20-годишен маж, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на несреќата.
„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот. Возачот бил запрен и издадена е потерница за тестови на крв и урина. Јавен обвинител издаде и наредби за обезбедување на надзорна видео снимка на локацијата, како и преземање на сите други дејствија за целосно разоткривање на настанот“, велат од Обвинителството