Трамп најави: Зошто контролната кула не му кажа на хеликоптерот што да прави?; Ова требаше да се спречи
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека судирот меѓу американски воен хеликоптер и патнички авион на Американ ерлајнс можел и требало да се спречи.
„Авионот беше на совршен и рутински пристап до аеродромот. Хеликоптерот долго време се упати директно кон авионот. Беше ведра НОЌ, светлата беа запалени, зошто хеликоптерот не се спушти или не се сврте зошто контролната кула не му кажа на хеликоптерот што да прави наместо да праша дали ова е лоша ситуација што требаше да се спречи? “, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
„Каква страшна ноќ беше ова. Господ да ве благослови сите“, рече Трамп во друга објава.
Да потсетиме, патнички авион на „Американ ерлајнс“ со 60 патници и четворица членови на екипажот се урна во реката Потомак по судир со воен хеликоптер „Блек Хок“ при слетување на националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон.