Трамп: Не се плашам да одам во затвор, имам повеќе поддржувачи од кога било

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не се плаши да заврши во затвор бидејќи, како што наведе, кривичната постапка против него е лажна.

„Мислам дека тоа нема да се случи. Секој случај е измама“, рече Трамп во разговор со водителот Глен Бек.

Тој додаде дека го прогонуваат „лоши и болни луѓе“.

„Сега имам повеќе поддржувачи од кога било“, рече Трамп.

На прашањето на новинарите дали жали што не ја уапси Хилари Клинтон додека беше претседател и дали ќе апси луѓе доколку се врати во Белата куќа, Трамп рече: „Одговорот е дека немаме избор бидејќи тие ни го прават тоа на нас“. 

Против поранешниот американски претседател годинава се поднесени четири обвиненија, од кои две се однесуваат на наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година.