Откако го заврши разговорот со Владимир Путин, кој траеше малку повеќе од два часа, и објави некои од најинтересните моменти на социјалната мрежа „Truth Social“, Доналд Трамп им се обрати на новинарите во Ружичњак пред Белата куќа.
Тој рече дека разговорот покажал дека „е постигнат напредок“ и повтори дека веднаш потоа разговарал со европските лидери.
– Се надевам дека направивме нешто. Се обидуваме да го доведеме сето тоа до крај. Војната никогаш не требаше да се случи, таа одзема илјадници животи секоја недела, рече Трамп.
Тој откри и еден детаљ што не го споделил на социјалните мрежи, дека Путин ја пофалил својата сопруга Меланија.
– Ми кажа дека Русите ја почитуваат првата дама. А мене? – се пошегува Трамп и заклучи:
– Во ред е, немам проблем со тоа.
Американските претставници подоцна открија дека државниот секретар Марко Рубио, исто така, учествувал во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин, придружувајќи се на неговиот лет од Европа до Вашингтон.