Трето пукање во Брисел за 24 часа! Куршум залута во детската соба, властите во главниот град на ЕУ објавија дека е одмазда: Повторно на истото место (ФОТО, ВИДЕО)
Синоќа во близина на метро станицата Клемансо во бриселската општина Андерлехт се случи ново пукање поврзано со дилери на дрога.
Обвинителството на белгискиот главен град и на ЕУ соопштија дека ова е трет ваков инцидент во Брисел во последните 24 часа, при што едно пукање се случило во општината Сен Жозеф и две во близина на метро станицата Клемансо.
Локалните медиуми јавија дека едно лице е рането во ногата синоќа при размена на оган во близина на станицата што се случила околу 03:30 часот.
Вчера наутро две маскирани лица пукале од автоматско оружје налик на калашникови на истата локација.
Покрената е голема полициска потера, но осомничените кои побегнаа во тунелите на метрото сè уште не се уапсени.
Белгиските власти веруваат дека сите три инциденти се поврзани со шверц на дрога и дилери на територијата.
– Снимките од надзорните камери покажуваат дека пукотниците биле одмазда со цел да се контролира територијата – соопшти бриселското обвинителство, пренесе луксембуршки RTL.
Загриженоста за јавната безбедност во белгискиот главен град, наводно, била зголемена кога залутан куршум влегол во детска соба на улица во близина.