Тригодишна затворска казна за уценувач: Обезбедувач тајно го фотографирал Шумахер, барал 15 милиони евра
Германскиот суд денеска осуди 53-годишен маж, именуван само како Јилмаз Т. на три години затвор поради уцена на семејството на Михаел Шумахер.
Архитектот Јилмаз Т. и неговиот 30-годишен син Даниел Л. се обвинети дека барале 15 милиони евра од семејството на Шумахер за да не објавуваат фотографии од легендата на Формула 1 по неговата тешка несреќа.
Татко и син од Вупертал се заканија дека ќе објават приватни фотографии и видеа од седумкратниот шампион во Формула 1 доколку не добијат пари. Нивната колекција содржи фотографии и снимки од Шумахер по тешката несреќа на скијање која му нанела сериозна повреда на мозокот.
Шумахер после тоа никогаш не бил виден во јавноста. Таткото Јилмаз Т. доби тригодишна затворска казна, додека неговиот син е осуден на условна казна од шест месеци.
Condenan a prisión a extorsionadores de la familia Schumacherhttps://t.co/i2mwTbVCGW
— El Heraldo SLP (@ElHeraldoSLP) February 12, 2025
Јилмаз и Даниел ги добиле фотографиите од приватен чувар кој работел во резиденцијата на Шумахер во Швајцарија. Чуварот, идентификуван како Маркус Ф., доби условна казна од две години.
Обвинителите заклучија дека поранешниот чувар на семејството продавал фотографии од Шумахер за, како што ја опишале, сума од пет цифри.
Таткото и синот, кои го уценуваа семејството на Шумахер, ја признаа вината и изразија жалење на денешното последно судење.