Трик со кој водата во шишето ќе ви остане ладна во лето! Фантастично решение да не изгорите од топлина

Доаѓаат топли денови и секако потребата за вода ни се зголемува, а нема ништо поубаво од ладен пијалок да не освежи, но кога сте во движење, тешко е да ја држите водата ладна.

За среќа, видеото кое стана вирално на TikTok открива едноставен трик како да го одржувате ладно шишето со вода . Овој трик е супер едноставен и совршен во текот на летните месеци, бидејќи е важно да останеме хидрирани на сончево време кога многу се потиме и губиме многу вода од нашите тела.

@kate_cleanhome Best summer hack 🧊😍🤩#LifeHack ##hotweather #ice #summerhack #summervibes #aesthetic #asmr #lifehacks #LearnOnTikTok #satisfying ♬ Pedro – Jaxomy & Agatino Romero & Raffaella Carrà

Девојката од видеото го полни своето шише со вода пред да го стави во замрзнувач, но го остава настрана.

Ако го направите тоа, водата ќе замрзне на едната страна од шишето. 

Откако ќе се замрзне, остатокот може да го наполните со свежа вода додека другата страна од шишето останува замрзната. Она што го добивате е големо парче мраз што го лади вашиот пијалок и нема да се стопи толку брзо, а вие само ќе ја наполните водата внатре.

Корисниците беа зачудени колку е тоа едноставно, а не ви паѓа на памет или едноставно не се сеќаваме да ја изладиме водата претходно. 

Откако видеото беше споделено, собра многу прегледи. Луѓето брзо ги споделија своите размислувања, а некои рекоа дека „секогаш“ го прават тоа и дека тоа не е ништо иновативно, додека други беа позитивно изненадени.

– Фантастична идеја, не знаев за ова 

– Леле, супер трик 

– Водата од шише повеќе нема да биде како езерце во текот на летото 

– Каде бев порано за да го дознаам ова