Тројца тинејџери искасапија бездомник: Го претепaле, па му ги исекле деловите од телото, еден од нив го снимил сето тоа
Германската полиција во градот Хорн-Бад Мајнберг, во областа Липе, открила делови од телото на бездомник, а за ова грозоморно злосторство биле обвинети тројца тинејџери.
Според извештајот на Билд, тројца млади мажи масакрирале машко тело во ливада во мирна германска населба.
Полицијата интервенирала набрзо откако еден од насилниците ја снимил оваа ужасна ситуација и почнал да ја споделува.
– Еден од насилниците снимаше и го споделуваше материјалот, но полицијата брзо реагираше и стигна до него – изјави полицаецот Александар Горлиќ.
Полицијата го запленила и ножот употребен во злосторството и уапсила тројца тинејџери. Двајца од нив веќе и’ се познати на полицијата поради претходни прекршоци.
Форензичарите во моментов вршат обдукција на телото, но веќе е познато дека човекот бил брутално претепан, а потоа избоден.