ТРПЕЛ БОЛКИ 9 ГОДИНИ, А ПОТОА ОТИШОЛ НА ПРЕГЛЕД: Она што го покажа томографијата ги запрепасти сите присутни, итно е испратен на операција
Веќе извесно време на интернет кружи приказна за Русин кој долго време чувствувал непријатен притисок во пределот под ребрата на десната страна од телото.
Тој ги трпел своите болки девет години и дури потоа решил да оди на лекар за да се прегледа.
Веднаш по приемот бил испратен на томографија , а она што го виделе го оставило без зборови целиот медицински персонал.
Имено, на компјутерската томографија можеше да се види парче стакло долго девет сантиметри како „стои“ заглавено во средината на неговиот црн дроб.
Како што им рекол на лекарите, Русинот нема поим како стаклото влегло во неговото тело , а набргу потоа му била закажана итна лапароскопска интервенција.
Man Who Lived in Pain for 9 Years Had a Glass Shard Embedded in His Liver https://t.co/ohzIlTB1U5 pic.twitter.com/AODgZZ8deh
— ✪ⓏⒶⒾⓇⓄⓁ✪ (@zairolhamisam) July 22, 2024
„Бевме збунети кога видовме стакло со остри рабови на ендоскопскиот монитор. Беше покриен со сврзно ткиво , што е нормално. Во такви случаи, се развива асептично воспаление и се формира „капсула“ околу туѓиот предмет, што го одвојува од здравото ткиво “, објаснуваат лекарите, а пренесува „ Oddity Central “.
На никого не му е јасно како успеал да преживее со туѓ предмет во телото без никакво воспаление, сепса или повреда на други органи.
Фотографијата од „странскиот објект“ стана вирална на социјалните мрежи, оставајќи ги луѓето во шок и чудење како успеал да ја издржи болката девет години.