Туристите собираат килибар од овие плажи, морето го исфрли, го има насекаде: Среќниците можат да заработат и до 5.000 евра!
Граѓаните на северна Полска забележаа бројни докази за интересен „улов“ на плажите минатиот викенд.
Иако временските услови повеќе потсетуваа на есен отколку на лето, ова беше совршено време туристите и локалното население да прошетаат во потрага по вредни парчиња „балтичко злато“.
„Каква викенд жетва“
Ако не сте запознаени, станува збор за балтички килибар, фосилизирана смола што се користи за изработка на накит и декоративни предмети, а се издвојува по својата исклучителна транспарентност и палета на бои, од златно-жолта до ретки нијанси на црвена, сина и зелена боја.
На социјалните мрежи се објавени видеа од уникатни примероци откриени на плажата во Пшебрно, град во близина на Гдањск . Луѓето беа воодушевени од количината на килибар.
„Неверојатно! Каква викенд берба, и тоа во јули. Обожавам килибар. Некои луѓе едноставно имаат среќа“, коментираа гледачите.
Колку чини килибарот?
За време на бурно време, брановите и струите креваат слоеви седимент, со што ослободуваат претходно потопени парчиња килибар, кои лебдат на површината на водата поради нивната леснотија и завршуваат на брегот.
Помал број туристи во текот на дождливите денови значи поголеми шанси за оние кои се осмелуваат да ги пребаруваат плажите и да пронајдат вистински богатства, пренесува Klix.ba.
Цената на килибарот зависи од неговата големина и квалитет. Мало парче, со тежина од околу еден грам, може да чини помеѓу 46 и 70 евра. Од друга страна, примерок со тежина од околу 200 грама може да достигне цена и до 5.000 евра.
Инаку, цената на килибарот годишно се зголемува помеѓу пет и 10 проценти. Кина долго време покажува голем интерес за балтичкиот килибар, кој е поценет од кинескиот или бурманскиот килибар, што дополнително ја зголемува вредноста на оваа скапоцена смола.