Турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс оваа недела објави дека ќе нарача вкупно 355 авиони од европскиот Ербас во следната деценија.
Според француската новинска агенција АФП, планот е дел од напорите да стане најголемата авиокомпанија во светот.
Компанијата не открива подетална временска рамка за купувањето, пренесува Капитал.
Како што пренесува AFP, купувањето ќе биде дел од стратешкиот план за периодот 2023-2033 година, во кој компанијата има намера да постигне значителен раст.
Според авиокомпанијата, тие веќе нарачале 230 авиони, а имаат обезбедено право на првенствено купување за дополнителни 125. Ербас објави дека авиокомпанијата склучила договор за нарачка на 220 авиони. Причината за оваа разлика не е позната, според АФП.
Со оглед на желбата на турските власти нивната земја да биде меѓународно позната како Türkiye, превозникот исто така треба да се преименува во Türk Hava Yollari.