– Ново тестирање на турската ракета „Тајфун“ е извршено во турскиот град Ризе, јавува Анадолу.
Пред тестирањето на аеродромот Ризе-Артвин и неговата околина беа преземени опсежни безбедносни мерки.
Тестирањето на балистичката ракета „Тајфун“ е извршено во 06:44 часот по локално време, односно во 05:44 часот по средноевропско време.
Тестирањето е завршено без никакви проблеми.
Претседателот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир, на својот профил на социјалните мрежи објави снимка од тестирањето на ракетата „Тајфун“.
„Успешно извршивме ново пробно лансирање на ракетата ‘Тајфун’. Им честитам на сите што придонесоа, особено на РОКЕТСАН“, изјави Демир.
Пробното испалување на ракетата „Тајфун“, развиена од компанијата РОКЕТСАН, беше извршено од аеродромот Ризе-Артвин на 18 октомври 2022 година.
Балистичката ракета со краток дострел „Тајфун“ од домашно производство може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди.