Тинејџерот Б.Г. (19) денеска е уапсен. Тој е син на вујкото на У.Б. .
У.Б беше обвинет за убиство на осум и рани 14 лица во Младеновац на 4 мај.
Како што пишуваат српските медиуми, тој е уапсен по заедничка работа на Вишото јавно обвинителство Смедерево и Службата за борба против организиран криминал, а врз основа на нови факти утврдени во истрагата која е во тек против У.Б. и неговиот татко и вујко, кои исто така претходно беа уапсени.
Б.Г. е лишен од слобода заради утврдување на сите околности поврзани со потеклото на оружјето, муницијата и распрскувачките материи што пријавениот У.Б. ги користел при извршувањето на кривичните дела кои му се ставаат на товар, односно она што е пронајдено при претрес на објектот што го користеле обвинетите.
Да потсетиме, У.Б. уби пет селани на 4 мај годинава во селото Мало Орашје, а потоа продолжи кон селото Дубона, каде уби полицаец, неговата сестра и нивната пријателка.
Уапсен е следниот ден во раните утрински часови во близина на Крагуевац.