Уапсен е човек осомничен за убиството на 2PAC: Поминаа 27 години од убиството на легендарниот рапер, а ова се нови детали! (фото/видео)
Полицијата во Лас Вегас уапси маж во врска со пукањето и убиството на Тупак Шакур во 1996 година.
Дуан „Киф Ди“ Дејвис беше приведен денес наутро. Точните наводи остануваат нејасни. Дејвис отворено зборуваше дека бил на местото на пукањето во автомобил пред 27 години.
Како што пишува Дејли Мејл, во документарецот на Нетфликс било наведено дека пукањето го извршил внукот на Дејвис, иако криминалецот се фалел дека токму тој го убил Тупак во септември 1996 година. Тој се фалел во книгите и документарните филмови снимени за случајот.
Водачот на бандата Комптон, 60, дури напишал мемоари во кој го признал целото пукање и убиство на легендата на хип-хоп. Тој дури тврдеше дека бил во автомобилот со неговиот внук Орландо Андерсон и му го предал пиштолот пред да пука.
Да потсетиме, раперот беше убиен на улица во Лас Вегас во септември 1996 година, а имаше 25 години. Шакур беше застрелан и убиен во неговото црно БМВ додека беше на семафор на патот Фламинго и Ковал Лејн на 7 септември 1996 година. Кон него биле испукани 4 куршуми, еден завршил во бутот, 2 во градниот кош и еден во рамото.
Веднаш бил пренесен во болница, но 6 дена подоцна починал од раните.
Неговото убиство останува нерешено до ден-денес, иако многумина изнесоа различни теории за неговото убиство и зошто тоа се случило.
За овој случај кој со години прогонува многумина се објавени бројни книги, документарни филмови и играни филмови.