Уапсен сопственик на депонија во Визбегово

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, информираше дека пожарот на дивата депонија кај Визбегово е локализиран. Активирани се Централниот команден центар и Државната противпожарна служба.

„Сите сме на терен и активно работиме на лоцирање на пожарот што избувна. Евакуиравме дел од куќите што беа загрозени, но немаше потреба бидејќи жителите што живееја во куќите самите излегоа и помогнаа во гаснењето на пожарот“, рече Дудуш во изјава за медиумите.

Во врска со компанијата што е сопственик на депонијата, градоначалникот рече дека општината ги има сите документи за увид.

„Знаеме дека Министерството за животна средина им даде дозвола за работа во 2019 и 2020 година, а дозволата важеше до февруари 2025 година. Во ноември 2024 година, колку што знаеме во општината, тие поднесоа ново барање, но не знаеме до каде е. Од нас беше побарано само мислење за продолжување на нивната дозвола. Тогаш дадовме позитивно мислење“, рече Дудуш.

Министерството за внатрешни работи соопштува дека полицијата го привела сопственикот на депонијата

„Поради непочитување на наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице кое управува со отпадот“, соопшти МВР.