Израелски воени авиони и беспилотни летала погодија повеќе од 35 цели низ Појасот Газа во изминатиот ден, вклучително и „голем број терористи во Кан Јунис и Рафах на југот од палестинската енклава“, соопшти денеска израелската армија.
Во соопштението се наведува дека меѓу погодените цели имало „вооружени терористички ќелии, згради што ги користат терористичките групи и друга инфраструктура“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Се посочува дека израелските војници продолжуваат да напредуваат во Кан Јунис и Рафах на југот на Појасот Газа.