УЖАС НА НЕБОТО – Пилотот му ја отсекол главата на падобранец со авионско крило: Осуден е за убиство од небрежност

Здружението на падобрански училишта Средни Пиринеи, кое го вработило пилотот, е казнето со 20.000 евра. Според француските медиуми, веднаш откако падобранот скокнал од авионот на 4.000 метри надморска височина, пилотот почнал да се спушта кон аеродромската писта . Пред да скокне падобранецот од леталото, немало консултации за патеката по која ќе лета авионот.

На претходното рочиште, адвокатот на роднините на жртвата, Емануел Франк, ја осуди непромисленоста и невниманието на пилотот. Претседателот на судот во југозападна Франција го истакна и недостатокот на комуникација меѓу жртвата и пилотот. По инцидентот, мерките за безбедност се засилени и брифинзите станаа задолжителни, се додава во извештајот.